Кожув запиша нов неуспех во БИБЛ, Академик пресилен за гевгеличани

Македонскиот претставник во БИБЛ лигата, Кожув им се врати на навиките во регионалното кошаркарско натпреварување, откако го запиша својот четврти пораз од пет одиграни натпревари. 

Гевгеличани во претходното коло стигнаа до својот прв успех и со сигурни 73-82 славеа на гостувањето кај Атрау, но вечерва беа надиграни од лидерот на табелата Академик од Бугарија и загубија со 88-57. Победникот на овој меч практично беше решен по првите десет минути, кога бугарскиот тим се одлепи на +13 (27-14) и во продолжение само ја зголемуваше предноста, која на крај достигна до 31 поен. 

Најефикасен на мечот беше Васил Банчев од редовите на Академик со 20 постигнати поени, додека кај Кожув најрасположени беа Робер Луис Жуниор и Иван Мишковиќ постигнаа по 12 поени. Со оваа победа тимот од Пловдив остана на првата позиција на табелата со три победи и два порази, додека Кожув застана на четвртата позиција.