• Мартин Танасковски

Екипата на Кожув продолжи да игра во добра форма и со победата над Вардар (103-77) застана меѓу најдобрите екипи на домашната сцена по 13 одиграни кола.
- Комплетниот натпревар меѓу Вардар и Кожув:
Гевгеличани не видоа проблем на гостувањето во Скопје, а ги добија сите четири четвртини во однос на ривалот кој беше инфериорен. Покрај над Вардар, Кожув во серијата славеше и над Феникс, Шкупи, Работнички и Чаир.
Прв поентер кај победникот беше Вилсон со 24 поени, го следеше Пилепиќ со 18 поени, додека Бојчев постигна 16 поени, а кај Вардар се истакнаа Младеновски со 14 и капитенот Бајрам со 13 поени.
Кожув во лигата има скор 9-4 и се наоѓа на второто место, додека Вардар е последен без ниедна победа.