• Саше Љолес

Кошаркарскиот клуб Кожув ја информира јавноста дека Миодраг Тодоровиќ е новиот тренер на првиот тим. Тодоровиќ во Кожув доаѓа од екипата КК Маџари, каде што ја извршуваше функцијата главен тренер и испиша голем успех со пласманот во финалето на плеј-офот.
Претходно беше дел од стручниот штаб на МЗТ Скопје како помошен тренер, стекнувајќи значајно искуство на највисоко клупско ниво во македонската кошарка.
Воедно, тој е и селектор на македонската репрезентација до 18 години, што дополнително ја потврдува неговата стручност, посветеност и квалитетна работа со младите категории.
Во претходната сезона, Тодоровиќ беше избран за најдобар тренер во македонската Суперлига, како признание за неговата работа, резултати и професионален пристап.


