Кожув уморен, Академик однесе полн плен од Гевгелија

Според очекувањата кошаркарите на Кожув загубија пред своите гледачи од Академик Пловдив од Бугарија со 86-91 (20-29, 21-12, 24-19, 21-22) во рамките на 11. коло на БИБЛ-лигата. Иако имаа позитивни моменти, гевгеличани немаа енергија за подвиг. 

Водени од Бачев и Груев, гостите од Бугарија брзо се одлепија на двоцифрена предност. Гевгеличани, видно уморни од серијата тешки натпревари овој месец, преку Вилијамс спуштија на -6, но на крајот од вториот период Академик Пловдив замина со предност од 41-50.

Кожув одлично го почна третиот период, Ивеља му се приклучи на Вилијамс и по 30 минути игра резултатот беше намален на само +4 за Академик. Но, тогаш бугарскиот тим, воден од „џокерот“ Вујовиќ и поените од втор напад на Олисамека дојдоа до +11 и мирен финиш.

Академик на крајот се радуваше на триумф од 82-89 и вторпат сезонава ги победи гевгеличани.

Во тимот на Кожув најефикасни поединци беа Кесар со 22 и Вилијамс со 17 поени, а кај гостите од Бугарија се истакнаа Трој Френлин со 24, Олисамека со 17 и Вачев со 14 поени. Ова е деветти пораз на кошаркарите на Кожув, а седма победа на бугарскиот тим од Пловдив. Поразот може да донесе пад од две позиции на послабиот гевгелиски клуб во БИБЛ лигата.