Кожув убедлив против Академија ФМП на пријателски меч во Скопје

Екипата на Кожув стигна до првата победа во периодот на подготовките за новата сезона. На гостувањето во Скопје, тимот од Гевгелија славеше убедлива победа во дуелот со Академија ФМП (78-54).

„Црвено-белите“ од Гевгелија беа во водство практично од почетокот на средбата. На полувреме имаа предност од шест поени (42-36), а пресудна беше третата четвртина од играта која избраниот тим на Александар Јончевски ја реши со високи (21-11), за недостижна предност (63-47) пред влегувањето во оној последен дел од оваа „контрола“.

Или 40. минути во кои американскиот двоец Ентоан Максвел-Вили Џексон постигнаа по 17.поени, Предраг Пајиќ имаше 11, а Џош Скот уште десет реализации.

На другата страна, онаа на Академија ФМП, двоцифрен број на поени постигнаа Стефан Крстајиќ (16), Теодор Атанасов заврши со 13, а Славчо Темелковски со 12.поени.

За време на викендот, двете екипи ќе одиграат уште една средба, најверојатно во Гевгелија.