• Мартин Танасковски

Екипата на Кожув ги комплетира странските имиња со уште еден Американец и така гевгеличани го затворија ростерот за новите предизвици.
Се работи за американецот Џино Артисон кој игра на позицијата крилен центар и се очекува да биде од голема помош под кошевите. Како кошаркар во колеџ играч играл во NCCA лигата, потоа играл во Луксембург каде бележел 23.4 поени и 9.8 скокови во просек.
Низ кариерата Американецот настапувал и во Британија и Јапонија. Во последната сезона за јапонски Вертиен Мие бележел 13.2 поени просек и 6.5 скокови. Се очекува Артисон да биде од голема помош во ростерот на Јончевски.