Кожув со добар финиш до важна победа над Феникс во Скопје!

Кошаркарите на Кожув забележаа многу важна победа во борбата за плеј-оф против директниот ривал Феникс 2010 од 72-80 во СЦ „Јане Сандански“. Пресметката од 20. коло понуди израмнета борба, а во завршницата гостите имаа повеќе концентрација.

  • Комплетниот натпревар меѓу Феникс 2010 и Кожув:

Домаќините отворија добро и поведоа со 8-2, ама тогаш следеше реакција и кам-бек на гостите до 8-7. Феникс го исконтролира резултатот, но не успеа да се одлепи и првиот период заврши со 18-16. Во вториот Кожув успеа да поведе првпат, имаше и плус шест за потоа на полувреме да биде егал (37-37). 

Имаа гевгеличани контрола на средбата во третата четвртина, поведоа со највисоки осум разлика, но Феникс пак успеа да израмни и со минимални 62-61 да влезе во завршницата. Поведоа момците на Дервишевишевиќ со 69-64, а потоа следеше за нив црн период. Кожув направи серија од 2-16 со кои стигна до максимални 71-80. На крајот во последната минута Феникс немаше сили за подвиг и кам-бек, па претрпе пораз од осум поени разлика. 

Андрија Стевановиќ со 20 поени беше најдобар во таборот на гостите, Пилепиќ уфрли 19, а Колев заврши со 18. Во тимот на Феникс со по 12 се истакнаа Бертранд и Шепард, додека по 11 уфрлија Тимоти, Марфи и Димитриев.