• Иван Димовски

Кошаркарите на Кожув раситнија „стотка“ и славеа со 100-92 против екипата на Куманово во Суперлигата на Македонија во рамките на 10. коло.
- Комплетниот натпревар меѓу Куманово и Кожув:
Стартот во целост му припадна на домаќинот во салата „26 април“ кој поведе со 11-2. Сепак, следуваше одговор и враќање на гостите до 11-9, но потоа Кожув пак се одлепи (19-11). На крајот на четвртината резултатот беше 22-16. До полувремето подобра екипа беше Куманово, имаше контрола на резултатот и водеше најмногу со 33-41, а првиот дел заврши со 41-45.
Во третиот период Кожув се врати до егал, поведе со 54-50, ама немаше сили да се одлепи. Се играше релативно израмнето, а гевгеличани почнаа да градат предност во последната четвртина. Имаа домаќините водство кое успеваа да го одбранат, па на крајот забележаа победа.
Родни Пурвис беше прво име во победата на Кожув со 30 поени, додека кај Куманово се истакна Стевановиќ со 27.



