• Горан Упале

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја запишаа втората победа во новата сезона во домашната Суперлига, откако на гостувањето кај Кожув славеа со 73-81 во последниот натпревар од денешната програма во второто коло.
- Koмплетниот натпревар:
Гевгеличани одлично го отворија натпреварот и уште во првата четвртина најавија дека нема лесно да се предадат. Кожув го доби почетниот период со 26-18, но потоа следуваше одговор од актуелниот шампион.
МЗТ Скопје ја презеде контролата во вторите десет минути, кои ги доби со 16-25, а продолжи во ист ритам и по паузата и направи солидна предност. Но, Кожув не попушти и во финишот успеа да ја намали негативата на шест поени, но немаше време за целосен пресврт. МЗТ Скопје ја задржа предноста и си замина од Гевгелија со нови бодови.
Најефикасен кај домаќините беше Армстронг со 17 поени, додека во победничкиот состав Маслинко и Николиќ постигнаа по 19 поени.









