• Мартин Танасковски

Екипата на Кожув ја прекина серијата на порази и се врати во колосек со гостинска победа кај Гостивар (73-57) во рамки на четиринаесеттото коло во машката кошаркарска Суперлига.
- Комплетниот натпревар меѓу Гостивар и Кожув:
Тимот од Гевгелија одигра доминантен дуел против една од екипите од долниот дел на табелата и заслужено го освои целосниот плен. Сите периоди на мечот му припаднаа на колективот предводен од тренерот Љупчо Малинков.
Зетов со 16 поени беше најдобар кај победникот, Вашингтон додаде 14, а Симиќ 13 поени со девет скока, додека кај Гостивар, Димитриевски имаше 11, а Младеновиќ и Карахоџиќ реализираа по десет поени.
Кожув со оваа победа дојде до скор 8-6 во Суперлигата, додека Гостивар е претпоследен со три победи и единаесет порази и го чека голема битка за опстанок во елитното друштво на Македонија.












