Кожув одолеа само едно полувреме, МЗТ впиша нова убедлива победа

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје влегува во ритам и за само три дена ја извојува уште една важна победа во Првата лига на Македонија. 

Момците од Аеродром по сигурниот триумф над ТФТ во претходното коло, вечерва на убедлив начин го средија Кожув среде Гевгелија, победувајќи го со 17 поени разлика (65-82). 

Ако се земат предвид првите две четвртини, сигурно никој не очекуваш дека „штроковите“ на крај ќе стигнат до толку убедлива победа. Кожув во првите 20 минути покажа фантастична игра и беше подобриот противник на паркетот,  но по паузата, избраниците на Кочов го покажаа својот квалитет, демонстрираа моќ и во на крај заслужено победија со 17 поени разлика. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Кожув и МЗТ Скопје Аеродром: 

Во редовите на скопскиот тим се истакна Американецот Олуџоби со „дабл-дабл“ учинок од 25 поени и 10 скока, а силиден настап имаше и Крстевски со 15 поени, додека еден помалку постигна Гравет. Во редовите на поразениот тим се истакна Скот со 19 поени.