Кожув немаше сили за изненадување, Берое слави среде Гевгелија

Еден од двата македонски претставници во БИБЛ-лигата, гевгелиски Кожув загуби пред своите гледачи од еден од фаворитите во натпреварувањето и првакот пред две сезони, бугарски Берое. „Зелените“ од соседството извојуваа победа од 85-94, со игра во која водеа во поголемиот дел од натпреварот. 

Кожув од 69-70 со серија 6-0 поведе на почетокот од последниот период и ги обнови амбициите на своите навивачите. Сепак, бугарските центри беа доминантни и со поени од рекетот дојдоа до серија од 11-2 и лесна победа.

Вилијамс беше наефикасен во редовите на Кожув со 24 постигнати поени, а кај Берое најефикасен беше Френкемп со 38 поени.

Ова е осми пораз сезонава во Балканската лига за Кожув, а Берое останува лидер со 21 поен.