• Мартин Танасковски
Екипата на Кожув добро реагира на тренерската смена и под водство на Борче Даскаловски успеа да слави над Гостивар (102-67) на домашен терен, во натпревар во кој важеше за голем фаворит.
Кожув ги доби сите четири периода против хендикпираниот ривал. Гостивар беше со пократок ростер, во очекување на еден нов странец, како и враќање на повредените играчи и не можеше да парира на гостувањето во Гевгелија.
Најдобри стрелци кај победникот беа Слатер и Криснан со по 18 поени, додека Караџовски реализира 13 поени, додека кај Гостивар, Остен заврши со 21 поен и само едно промашување од поле (10/11), а Митевски реализира 15 поени.
- Комплетниот натпревар меѓу Кожув и Гостивар:
Гостивар во новата сезона има скор 4-6, додека Кожув сега е на 3-7.