• Зоран Мишевски
Кошаркарите на Кожув ја оправдаа улогата на фаворит во натпреварот со Феникс 2010, и со доминантен настап во текот на сите четириесет минути, дојдоа до петтиот успех во сезоната во која досега одиграа вкупно девет натпревари (86-73).
Ефикасен почеток имаа кошаркарите на Кожув. Уште во воведните десет минути, гевгеличани најавија дека не сакаат никакво изненадување во дуелот против екипата на Феникс 2010. На истекот од десетте минути, веќе имаа плус од +12 (27-15).
Во вториот квартал, во неколку наврати, домашната екипа имаше предност и од +18, но до крајот на полувремето Феникс 2010 успеа да симне дел од таа висока негатива и да дојде до 50-36. Дека се доста поквалитетен ривал од гостинскиот, домаќините прикажааа во третата четвртина. Ја повторија играта од првата и дојдоа до огромни 23 поени, кои донесоа комоција и лесна победа од 86.73.
Пилепиќ и Стевановиќ искомбинираа 40 поени, но доста добра помош им дојде од младиот Колев, кој имаше 12 поени, 8.скока и 6 асистенции. Кај Феникс 2010, Митревски и Марфи имаа по 13 поени, Шепард дополни со уште 12, а Димитриев запиша 11.поени.