Кожув испушти „+20“ против Пелистер, но остана во игра за Суперлигата

Екипата на Кожув на домашен терен во Гевгелија славеше над Пелистер (73-68) и остана во игра за едно од местата кои носат во наредната фаза, а тоа е Суперлигата.

Гевгеличани се коцкаа, затоа што во едел дел од натпреварот водеа со 20 поени разлика (52-32), но дозволија Пелистер да се врати и да приреди драматичен финиш. Во последните минути од средбата, битолчани имаа егал-завршница (69-68), а пресуди искуството на домашните и поените во низа на Караколев.

Токму Караколев беше прво име кај победникот со 19 поени, додека Ивеља и Вилијамс постигнаа по 14 поени. Кај Пелистер, капитенот Голубовиќ даде 21 поен, а Билер застана на 20 поени.

Кожув е на шестото место во Првата лига со скор 7-7, додека Пелистер има скор 1-12 и се наоѓа во долниот дел на табелата.