Кожув гради силен тим, донесе американско крило

Кожув продолжи да се екипира за наредната сезона и донесе уште едно засилување од САД кое наскоро ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Јончевски.

Се работи за 23-годишното крило Вили Толедо. Минатата сезона тој ја мина во редовите на универзитетот Вили Рокетс каде забележа завидни бројки. Во сезоната 2019/20, тој имаше просек од 12,3 поени, 12 скока и 2,3 асистенции по меч, со 49% успешна реализација од поле.

Вили Толедо е четвртото странско засилување за Кожув, по ангажманите на Џошуа Скот, Антоан Максвел и Антун Маричевиќ, што значи дека екипата од Гевгелија подготвува тим кој ќе цели на највисоките позиции во мак-баскетот.