• Мартин Танасковски

Македонскиот кошаркарски суперлигаш Кожув од Гевгелија го официјализира ангажманот на Тери Армстронг, американскиот бек/крило кој пристигнува во црвено-белиот дрес за сезоната 2026/27.
Армстронг својата професионална кариера ја започна во Саут Ист Мелбурн Феникс во Австралија, а потоа настапуваше за Рогашка од Словенија, Младост Земун и Металац Ваљево од Србија, Левен од Белгија, Торос Дел Вале од Колумбија и Маџари од Македонија.
Во сезоната 2025/26 со КК Маџари, Армстронг имаше одлична сезона со просек од 18,5 поени, 5,2 скока, 4,6 асистенции и 1,9 украдени топки по натпревар.


