Кожув го „оддува“ Феникс и го впиша деветтиот триумф во Суперлигата

Кошаркарите на Кожув забележаа важна победа во битката за плеј-офот во Суперлигата, славејќи со убедливи 113-98 над Феникс 2010 во натпреварот од осумнаесеттото коло. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Кожув и Феникс 2010: 

Домаќинот успеа да ги добие сите четвртини во своја полза, етапно зголемувајќи ја разликата во однос на ривалот од Скопје. На паузата Кожув водеше со 57-38. 

Немаа одговор скопјани за мотивираната игра на прволигашот од Гевгелија, па така мораа да го „положат оружјето“ и да се помират со дванаесеттиот сезонски пораз. Кожув го впиша деветтиот триумф, со кој останува на шестата позиција на табелата. 

Најдобар поединец во победничкиот табор беше Николаос Декариус со 24 поени, а во редовите на Феникс, четири поени повеќе имаше Суданецот Луал Рахама.