• Зоран Мишевски
Жилавиот тим на Кожув го намачи шампионот МЗТ Скопје, но бодовите сепак останаа во СЦ „Јане Сандански“. Екипата на Васе Атанасов ловеше негатива на противникот во втората и третата четвртина, но со подобра одбрана во последниот квартал издвојува победа од 69-63 (21-18, 14-21, 22-14,12-9) во вториот дуел од деветтото коло.
- Комплетниот натпревар меѓу МЗТ Скопје и Кожув:
Браќата Стојановски почнаа во налет, но Кожув одговори преку Пилепиќ и не дозволи првакот да се одлепи. Со 21-18 екипата на Атанасов го доби првиот квартал, но гевгеличани оставија впечаток дека целосно се во натпреварот. Стевановиќ и Хауард делуваа разиграно, а и во одбраната подобро делуваа гостите.
При 26-21 се разиграа гостите и Стевановиќ донесе пресврт. Со серија 15-2 екипата на Кожув поведе со +6 пред крајот на втората четвртина. Со позитивна инерција Кожув го заврши овој период со 35-40 и грижи за аеродромци. Брендот Слај ја предводеше реакцијата на шампионот и во 25. минута МЗТ Скопје израмни на 44-44.
Војдан Стојановски и Баковиќ постигнаа неодговорени поени и МЗТ Скопје поведе со 57-54 на влезот во последната четвртина. Црвстата одбрана на шампионот ги оддалечи гостите од шанса за подвиг и на три минути до крајот МЗТ Скопје водеше со +7. Иако Кожув се доближи до -3 немаше сили за пресврт и конечниот резултат гласеше 69-63.
Најефикасни кај МЗТ Скопje беа Војдан и Дамјан Стојановски со по 13 и Слај со 12 поени, додека во тимот на Кожув најголем број поени постигнаа Пилепиќ со 21 и Стевановиќ со 18 поени.