Кожув го донесе и седмиот странец, потпиша со Мијовиќ

Македонскиот суперлигаш Кожув донесе уште едно странско засилување за претстојната сезона. Се работи за Миливоје Мијовиќ, 24-годишниот крилен центар од Србија, кој доаѓа од словенечкиот тим Рогашка.

Мијовиќ е седмиот странец во гевгелискиот прволигаш, а во Словенија во просек постигнуваше по 10.6 поени по меч. Негова специјалност се „тројките“. Покрај во Рогашка, Мијовиќ во кариерата настапуваше и за БКК Раднички Белград.

Покрај Србинот, Кожув соопшти дека е потпишан и договор со младиот македонски кошаркар Томи Петров. Во таборот на Кожув освен Мијовиќ странци се уште Роберт Абрамовиќ, Кенион Мек Нил, Миладин Пековиќ, Јагош Матијашевиќ, Никола Ѓурасовиќ и Филип Зекавичиќ. Екипата на Кожув покрај во македонската Суперлига оваа сезона ќе биде дел и од регионалната БИБЛ-лига.