• Зоран Мишевски

По доаѓањето на Александар Јончевски, гевгелиски Кожув е целосно трансформирана екипа, Во дуелот од 14. коло на Првата лига, Куманово беше нерамнoправен во салата „ 26 април“ и загуби со убедливи 94-76.
Гевгеличани почнаа одлично, Гордон брзо дојде до двоцифрен број поени, а играта во одбрана ја направи разликата. Куманово постигна само 12 поени за 10 минути, имаше серија на технички грешки и на првиот одмор замина со дефициит од 29-12. Брзо се разиграа Братос и Ризвиќ и во 14. минута предноста премина дваесет поени. Куманово остана без реакција и се чинеше како да се предаде по две четвртини.
Како и на почетокот на третата четвртина се разигра Гордон и прв ја проби бариерата од 20 поени. Јончевски го изротира ростерот, им даде шанса на сите кошаркари и Кожув лесно дојде до победа од 94-76.
Најефикасни во победничкиот тим на Кожув беа Гордон со 32 и Ризвиќ со 20 поени, а кај поразениот Куманово се истакна Смит со 20 поени. Ова е шеста победа на Кожув, со која остануваат на осмото место, но дефинитивно тренерската смена носи позитивни вибрации во клубот од југо-источниот дел на земјата. Куманово го запиша единаесеттиот пораз и остана на деветтото место.
- Комплетниот натпревар меѓу Кожув и Куманово:
Во следното 15. коло, последно пред Куп-завршницата, Кожув гостува кај Чаир 2030, а Куманово го пречекува Феникс 2010.