Кожув доведе уште едно засилување: Павловиќ пристигна во Гевгелија

По Литванецот Томас Зданавичиус, екипата на Кожив обезбеди уште едно квалитетно засилување за предизвиците во новата кошаркарска сезона. 

Тимот од Гевгелија на позициите 4 и 5 ќе биде посилен за српскиот интернационалец Никола Павловиќ, кој доаѓа од редовите на Златибор, а на својот грб има настапи во АБА лигата, носејќи го дресот на Мега Лекс. 

23-годишниот кошаркар, висок 203 сантиметри, би требало да биде освежување за гевгеличани под обрачите и солидна поддршка за Трајковски и Зданавичиус. 

Кожув новата сезона на Прва лига ќе ја отвори пред својата публика на 5 октомври против засилениот Охрид.