Кожув доби тренер со шампионско педигре, Јончевски нов предводник на гевгеличани

Некогашниот предводник на МЗТ Скопје, со кого пред три сезони ја освои двојата круна во македонската кошарка, Александар Јончевски, е нов шеф на стручниот штаб на тимот на Кожув. 

Младиот стратег во редовите на гевгелискиот прволигаш доаѓа на местото на Павле Николов, кој и во иднина ќе биде дел од стручниот тим, во улога на асистент. Со оваа тренерска промена, амбициите на Кожув се зголемуваат, бидејќи клубот доби стратег кој знае како да игра во домашните сали и има шампионско педигре. 

Покрај во МЗТ Скопје, Јончевски долго време работеше како помошник на Марин Докузовски во редовите на Работнички, а претходно беше дел од тимот на Спртак Суботица.