• Горан Упале

Кошаркарите на Маџари ја извојуваа една од најважните победи во трката за плеј-офот во Суперлигата. Против директниот конкурент Кожув екипата која што сезонава го почувствува елитното друштво славеше со 89-61 и со тоа му побегна на една победа на денешниот ривал во трката за разигрувањето за титулата.
- Комплетниот натпревар меѓу Маџари и Кожув:
Во Скопје домашниот тим уште во првото полувреме му стави до знаење на Кожув дека за Гевгелија ќе се врати со празни раце. Маџари одигра ефикасни две четвртини, во кои постигна вкупно 44 поени, а на спротивната страна гостинот имаше скромен учинок од само 25 поени.
Разликата од 19 поени уште во првото полувреме беше доволна мирни втори дваесет минути на кошаркарите на Маџари. Шанса за докажување добија и играчите од клупата, кои исто така се покажаа во одлично светло и на крај го декласираа Кожув со убедливи 89-61.
Најпрецизен кај победничкиот тим беше Левис со 18 поени, 13 имаше Хот, а Армстронг заврши со 12 поени. За тимот од Гевгелија двоцифрени беа само Бојчев и Пурвис (11) и Коста Ќириловски со 10 поени.










