Костоски со Питешти го преслуша и Динамо Букурешт

Македонскиот репрезентативец Александар Костоски го одигра и вториот натпревар во дресот на новиот клуб Питешти и повторно славеше победа, вечерва на гости кај Динамо Букурешт со резултат од 64-72.

На денешниот меч одигран во главниот град на Романија, Костоски на теренот мина 31 минута, за кои што реализираше 9 поени (2/4 за два поени, 1/5 за три поени и 2/2 од линијата за слободни фрлања), а придодаде и три скока и две асистенции.

Со новата победа Питешти сега котира високо на табелата, па по одиграни 13 натпревари со освоени 21 бод е на делба на второто место на табелата.