Костоски со Питешти до прва победа во новата година

Александар Костоски со тимот на Питешти за првпат ја почувствува сласта на победата во новата година, славејќи вечерва на домашен терен против тимот на Темишвар со резултат од 94-73.

Питешти брзо се рехабилитираше по поразот во минатото коло од Клуж и вечерва релативно лесно се справи со Темишвар, кој беше убедливо совладан. Костоски имаше повторно завиден ефект од 10 поени (2/3 за два поени, 2/6 за три поени), 7 асистенции, со што беше прв разигрувач во екипата, како и 2 скока.

Питешти по одигрување на 15. коло со 24 бода се наоѓа на четвртото место на табелата со само два бода заостанување зад лидерот Клуж, кој има и дуел помалку.