• Симеончо Стоиков
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Александар Костоски со тимот на Питешти новата година ја отвори со пораз, што беше воедно и прв загубен натпревар за нашиот интернационалец во новиот клуб.
Вечерва пред своја публика Питешти немаше сили за изненадување против актуелниот лидер на табелата Клуж, кој славеше со резултат од 82-88.
Костоски повторно одигра одличен натпревар и со ефект од 21 поен (5/7 за тројка, 3/5 за два поени) и 4 асистенции беше најефикасен и најпозитивен во тимот на Питешти.

