• Симеончо Стоиков
Македонскиот репрезентативец Александар Костоски, по семејната трагедија, го одигра првиот натпревар за својот клуб Питешти, кој на домашен терен во рамки од 16. коло во романската лига е поразен од Сибиу со резултат од 71-80.
Костоски повторно доби завидна минутажа од 34 минути, за кои што оствари нов двоцифрен ефект од 10 поени (1/6 за два поени, 2/6 за три поени и 2/4 од линијата за слободни фрлања), а придодаде по две асистенции, два скока и две украдени топки.
Со денешниот пораз, седми сезонски, тимот на Питешти падна на петтото место на табелата во романскиот кошаркарски шампионат.