Костоски со блескаво издание, но недоволно за победа на Питешти

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Александар Костоски продолжува со добрите игри по преселбата во дресот на романски Питешти, но неговите игри не се повод и за добри резултати на тимот. 

Питешти денес во рамките на 22. коло од тамошниот шампионат забележа пораз од актуелниот лидер на табелата Клуж, кој пред своја публика славеше победа со конечен резултат од 94-84.

Токму Костоски беше прво име во редовите на Питешти, го одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната, откако за 32 минути игра заврши со ефект од 22 поени (2/4 за два поени и 6/8 за три поени), а придодаде и 9 асистенции, како и 4 скока.