• Мартин Танасковски
Кошаркарскиот турнир во Франција е најгледан во историјата на Олимписките игри, соопшти денеска Светската кошаркарска федерација. Според ФИБА, 1.078.319 фанови во живо гледале машка и женска кошарка во Лил и Париз.
Со овој статистички податок соборен е рекордот на ЛОИ во Атланта во 1996 година. На Игрите во Атланта, кошарка во живо следеа вкупно 1.068.032 фанови. Од ФИБА истакнуваат дека рекордот добива дополнителна тежина ако се знае дека на овие игри биле одиграни 40 натпревари помалку во двете конкуренции наспроти 92 во Атланта заради форматот.
Просечната посетеност на натпреварите во Лил и Париз била 20.737 вклучувајќи ги и двете конкуренции, 21.711 за мажи и 19.763 за жени.