Кошаркарското финале во Франција ќе се игра на славниот тениски стадион

Екипите на Метрополитан и Монако ќе се судрат во финалната серија во кошаркарското првенство на Франција. Ништо немаше да биде чудно во овој судир, ако не се знаеше дека Метрополитан ќе ги игра своите натпревари на тениски стадион!

Поради фактот дека салата на Метрополитан е мала и собира само 3.000 навивачи, а интересот за финалето е огромен, падна договор. Клубот ќе игра како домаќин на култниот стадион „Филип Шартрие“. Се работи секако за теренот на кој се игра големиот тениски турнир Ролан Гарос, кој и сега е во тек. 

Финалната серија во кошаркарското првенство на Франција почнува набрзо. На десетти и на 12 јуни се играат два натпревари во кнежевството, а потоа првиот дуел во серијата на „Филип Шартрие“ е закажан за 15 јуни.