Кошаркарските шампионати на Македонија поместени за една недела

Кошаркарските шампионати на Македонија се ставени во мирување заради седумдневната жалост низ цела територија. Кошаркарската федерација на Македонија го помести календарот за една недела, така да последното коло од регуларниот дел наместо на 23/24 март, ќе се игра на 30/31 март. 

Во меѓувреме в среда на 26 март ќе бидат одиграни последните два натпревари од 21. коло, кои не се одиграа во неделата, заради деновите на жалост. Следната среда ќе се сретнат Работничкки - Куманово и Вардар - Тиквеш.

Од исходот на овие два натпревари и последното 22. коло ќе бидат познати паровите за првото коло на плеј-офот.

Слични поместувања ќе добијат и натпреварите од женскиот шампионат и пониските и младинските лиги.