• Горан Упале
Убедлив пораз на македонската младинска кошаркарска репрезентација на премиерата на Европското првенство од Дивизијата А, кое денеска почна во полскиот град Гдиња.
Нашите надежи во првото коло од групната фаза се сретнаа со соодветната селекција на Шпанија и забележаа пораз од дури 55 поени разлика (93-38).
Очекувано, Шпанците уште од самиот старт наметнаа силно темпо на игра, кое им создаде многу главоболки на нашите кошаркари. Селекцијата на Боро Смилковски се мачеше во нападот, додека одбраната ѝ дозволуваше лесни поени на противникот, па сето тоа донесе убедлив пораз.
Шанса за поправен нашите младинци ќе имаат веќе утревечер, повторно од 20:30 часот, за кога е закажан дуелот против репрезентацијата на Турција, која во првото коло запиша минимален пораз во дуелот со Белгија (62-64).