Кошаркарскиот шампионат во Македонија стартува една седмица подоцна од планираното

На заедничкиот состанок на раководството на федерацијата и Здружението на прволигашите е направена измена во календарот, така што новата сезона во Првата лига-мажи ќе почне на 10 октомври. 

Новата натпреварувачка сезона 2020/2021 во Првата лига-мажи наместо на првобитниот планираниот термин 3 октомври, ќе почне седум дена подоцна, односно на 10 октомври.

Ова е одлуката која на заедничкиот состанок ја донесоа раководството на федерацијата и претставниците на клубовите од Првата лига-мажи.

Двете страни заклучија дека поради актуелниот момент, потребно e одложување на стартот на новата сезона за седум дена.