Кошаркарскиот Куп на Македонија повторно ќе се игра во Кавадарци

Градот Кавадарци и оваа година ќе биде центар на кошаркарските збиднувања од 16 до 18 февруари. Македонската кошаркарска федерација во спортската сала „Јасмин“ ќе го организира празникот на спортот со портокаловата топка – кошаркарскиот Куп.

Првите осум пласирани екипи во шампионатот по првиот дел од натпреварувањето (11. коло) ќе разигруваат меѓу себе по систем првопласирана екипа против последно пласирана екипа (1-8, 2-7, 3-6, 4-5) во рамки на четвртфиналните дуели.

Во полуфиналните дуели ќе вкрстат 1-4 и 2-3, па така победникот од дуелот помеѓу Работнички и Карпош Соколи во првото полуфинале ќе се пресмета со победникот од дуелот Куманово – Гостивар. Во второто полуфинале ќе се надигруваa победникот од Блокотехна – АВ Охрид со победникот од МЗТ Скопје Аеродром и Фени Индустри.