• Саше Љолес
Светската кошаркарска федерација (ФИБА) наскоро ќе ги соопшти земјите кои ќе бидат домаќини на Европското првенство во 2029 година.
Според информациите на „Live Sport", во најтесна конкуренција се Литванија, Шпанија, Словенија и Грција. Сите земји имаат неколку „адути во ракавот“, а најинтересен е предлогот на Шпанците, кои сакаат неколку мечеви да се играат и на легендарниот „Сантиаго Бернабеу“, каде би присуствувале над 70.000 гледачи!
Грција ги нуди своите најголеми арени и спортски сали, но солидна инфраструктура имаат и Словенија и Литванија. Познато е дека завршните натпревари би се играле во Грција, затоа што тогаш ќе се одбележат 34 години од последното првенство одржано кај нашиот јужен сосед.
Веројатно овој континентален собир ќе биде доделен на две или три земји, а конечната одлука треба да биде соопштена по завршувањето на Европското првенство оваа година.