Кошаркарската сезона стартува овој викенд, „вечното“ дерби во седмото коло

Денеска во просториите на Кошаркарската федерација (КФСМ) беше одржана ждрепката за натпреварувачките броеви на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Првата лига во машка сениорска конкуренција за сезоната 2019/20.

По откажувањето на кошаркарскиот клуб АВ Охрид, во ПЛМ за претстојната сезона ќе се натпреваруваат десет екипи. По комплетирање на регуларниот дел од сезоната шест екипи ќе напреднат во Суперлигата, останатите четири ќе се надигруваат во плеј-аут лигата.

Првото коло ќе се одигра претстојниот викендн на 12 и 13 октомври.

Прво коло ПЛМ 2019/20:
Вардар – Еуро Никел 2005
Кожув – МЗТ Скопје Аеродром АД
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички
Гостивар – Академија ФМП
Куманово 2009 - Пелистер

„Вечното“ дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички ќе се игра во седмото коло.