Кошаркарската Прва лига стартува на 5 октомври, еве ги двојките од првото коло! 

Денес, во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија беше одржана ждрепката за натпреварувачките броеви на клубовите кои претстојната натпреварувачка сезона ќе се надигруваат во Првата лига (мажи) која треба да започне на 5 октомври.

Првото коло не донесе некое поголемо дерби, фузираниот Кожув пред својата публика ќе го пречека АВ Охрид, Работнички ќе гостува кај Академија ФМП, додека МЗТ ќе го пречека Куманово.

Прво коло:
Академија ФМП – Работнички
Еуро Никел 2005 – Гостивар
Кожув – АВ Охрид
МЗТ Скопје Аеродром АД – Куманово 2009
Вардар – Пелистер
МЗТ Скопје Аеродром 2 - слободен

МЗТ Скопје Аеродром е бранител на шампионската титула освоена минатата натпреварувачка сезона 2018/2019.