Кошаркарска сензација: Мексико славеше над САД во квалификациите за СП! (ВИДЕО)

Кошаркарската селекција на Мексико приреди сензација во квалификациите за следното Светско првенство, затоа што извојува голема победа над Соединетите Американски Држави, со резулат 97-88.

Јасно е дека американскиот тим настапи без НБА ѕвездате, но и покрај тоа ретко кој веруваше дека една селекција како Мексико, која што нема кошаркарска традиција, може да се избори за ваков резултат.

Така, по две одиграни кола во квалификациите за Мундобаскетот, Мексико е единствената непоразена селекција во групата Д, Порторико има скор 1-1 исто како и САД, додека Куба е со два пораза.

Мексиканците до големата победа ги водеше ветеранот Орландо Мендес-Валдес со 27 поени, шест асистенции и два скока. Забележителен настап имаа уште и Габриел Жирона со 19 поени и Пол Стол со 18 поени и 11 асистенции. Најефикасен во американскиот состав беше Ајзеа Томас, кој моментално е без тим, со 21 поен и 10 асистенции, но имаше и шест загубени топки.