Кошаркарска Русија тагува: Докторот на ЦСКА Москва почина од коронавирусот

Руската кошарка денес тагува, откако остана без еден искусен работник кој долги години ја градеше својата кариера во редовите на ЦСКА Москва.

Шампионот на Евролигата попладнево на социјалните мрежи потврди дека докторот на екипата Роман Абжелилов почина на 44 година. Според пишувањата, последица за неговата смрт се наведува коронавирусот.

„Нашиот доктор, Роман Абжелилов за жал денес почина. Се бореше до последен момент, но не успеа да се избори со последиците кои настанаа од коронавирусот. Зад себе остави сопруга и две деца. Почивај во мир наш пријателе“, пишува во објавата на ЦСКА Москва.

Тој на втори мај открил дека е заразен со ковид-19, а иако веднаш бил хоспитализиран во клиника во Москва, не успеа да ги издржи „нападите“ од незгодниот вирус и денес ја загуби најголемата битка во својот живот.