Кошаркарска еуфорија во Битола пред финалето на плеј-офот

Градот на ракометот веќе втора година е и град на кошарката. Битола пулсира со својот кошаркарски клуб кој втора сезона се бори за титулата, а сезонава првпат избори и финале на плеј-офот. Победата против Еуро Никел 2005 во три натпревари е забиравена, бидејќи веќе утре почнува финалната серија против МЗТ Скопје Аеродром на гостински терен.

Со оглед на наближените термини и натпревари практично секој втор ден битолчани започнаа со подготовка и на неделниот натпревар во спортската сала „ Боро Чурлевски“. Се предвидува полна сала и рекорд на посетеност на кошаркарски натпревар оваа сезона, а многу работи ќе зависат и од исходот на првиот дуел во СЦ „Јане Сандански“. 

Во историјатот на нивните меѓусебни одиграни натпревари во оваа сезона стои дека битолчани го добиле првиот меч во првенството со 82-79, потоа и оној наредниот, во „Јане Сандански“, уште поубедливо, со резултат 93-78.

Но аеродромци беа далеку подобар противник во Суперлигата. Во третото одмерување на силите, на свој терен победија со(95-76, а во последното коло, ја освоија Битола со сигурни 79-88, за израмнување во тие дуели на двата, сега веќе финалисти. Со тоа „сино-белите“ ја потврдија позицијата број еден, со која влегоа во доигрувањето за титулата, во кое со „двочекор“ го елиминираа ТФТ, па веќе од петок ќе атакуваат на нова шампионска титула против екипата која е во улога на дебитант во завршната претстава од првенството.

Меѓусебен биланс во првенството оваа сезона:
Пелистер - МЗТ Скопје Аеродром     82-79
МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер    78-93
МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер    95-76
Пелистер - МЗТ Скопје Аеродром     79-88