Кошаркарките стигнаа во Италија на четвртиот дуел од евро-квалификациите

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија пристигна во Италија, каде утре попладне ќе го одигра четвртиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2019 година. Селекторот Марјан Лазовски и кошаркарките ги очекува тешко гостување кај седмопласирана селекција на последниот Евробаскет. 
 
Италијанките се изнамачија да остварат победа со девет поени разлика во Скопје, каде триумфираа со 52-61. Утрешниот меч меѓу Италија и Македонија е четврти наш дуел во рамките на Х групата, во која во вториот меч ќе играат Шведска и Хрватска
 
Италија, Хрватска и Шведска запишаа по две победи и еден пораз, додека Македонија е на дното на групата со три порази.