Кошаркарките се седми одзади на првата женска ранг-листа на ФИБА

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија нема висок ранкинг на првата ФИБА-листа кога се работи за женските кошаркарски селекции во светот и Европа.

На европско тло, нашиот национален тим се наоѓа на 39 позиција од вкупно 45 репрезентации и кошаркарките се седми одзади. Зад Македонија се Молдавија, Норвешка, Азербејџан, Албанија, Андора и Гибралтар.

На светско ниво, пак, Македонија е на 85 позиција од вкупно 131 селекции. Целосната ранг-листа во женската репрезентативна кошарка можете да ја погледнете ОВДЕ.

Кошаркарките на Македонија чекаат на стартот на квалификациите за ЕП 2021 каде се доби пеколна група. Прв ривал ќе биде селекцијата на Германија.