Кошаркарките од осмиот шешир ќе ја пречекаат ждрепката за квалификациите за ЕП

Женската сениорска репрезентација во ноември ќе ја започне борбата за пласман на континенталниот собир, закажан за 2025 година,.

Натпреварите се закажани за на 9 ноември и на 12 ноември, во рамки на првиот квалификациски прозорец, а противниците ќе ги дознаеме идниот вторник.

ФИБА го закажа одредувањето на квалификациските групи и ги објави шеширите од кои ќе бидат извлечени. Нашата репрезентација ќе ги чека противниците заедно со Ирска, Австрија и Азербејцан, екипи со кои е сместена во осмиот шешир. Ждребот е закажан за 19. септември, со почеток во 14:00 часот.

Европското првенство, кое на календарот на ФИБА е закажано за 2025 година, ќе се одигра во четири држави. Групната фаза ќе биде поделена во Чешка, Германија, Грција и Италија, а финалната фаза ќе се одигра во Атина, Грција.