Кошаркарките издржаа само три четвртини со Британките

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години го доживеа третиот пораз на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија, овој пат загуби од Велика Британија (71-54) и падна на последното место во групата.

  • Комплетниот натпревар меѓу Велика Британија и Македонија:

Нашите кошаркарки имаа сила само за три четвртини со Британките. Првиот квартал му припадна на противникот (16-12), а вториот период го одбележаа мал број на поени, но, сепак, Македонија У18 успеа со четири постигнати поени повеќе од противникот на пауза да замине со реми (21-21).

По полувремето, натпреварот брзо влезе во „пенали“ и се шутираа многу слободни затоа што и двете екипи беа во бонус. Во последните десет минути се влезе со резултат со 45-40 за Велика Британија, но последниот период беше најлошиот за нашиот национален тим кој дојде десеткуван на овој настан.

Најдобра кај Македонија беше Марија Николов со 19 поени, пред Михаела Алексовска со 13 поени, додека кај Велика Британија, Карис Оливија Рој даде 12 поени, пред Леја Едвардс со 11 поени, додека Кејти Јанушевска имаше „дабл-дабл“ од 10 поени и 13 скока.

Македонија У18 на ова ЕП загуби уште и од Португалија и Луксембург. Следен натпревар е против Хрватска, закажан на трети април (19.30).