Кошаркарките до 18 години завршија последни на ЕП Б-дивизија во Романија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години го заврши настапот на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија во Романија со седум порази на седум натпревари и тоа ни го донесе последното место.

Девојките кои играа во подмладен состав, со генерација за У16 наместо за 18, во последниот меч од разигрувањето загубија од Шведска (53-74). Верувале или не, ова беше нашиот најдобар натпревар и најкомпетитивен дуел, но на крајот останавме со празни раце.

Најдобар стрелец беше Јана Пишлевска со 15 поени, пред Милица Николиќ со 13 поени, додека кај Швеѓанките, Еми Есрдала имаше 14 поени, пред Фелиција Шоландер со 12 поени.