Кошаркарките до 18 години тргнаа во мисијата ЕП во Литванија

Кошаркарките, предводени од селекторот Виктор Петровски и неговите асистенти Нена Трајчевска и Арин Агиќ, вечерва во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, го одработија првиот ден од подготвителниот период, а пред она што ги очекува во текот на ова лето, настапот на континенталниот собир од Дивизијата Б, за кошаркарки под 18 години, кој ќе се одржи во литванските градови, Алитус и Вилнус, во периодот од 4 до 13 јули.

Согласно со планираното, првата фаза од подготвителниот период ќе биде реализирана во Скопје. Првите проверки на сработеното се предвидени по три работни седмици, и тоа на гостински терен во Црна Гора.

Претходно, селекторот Петровски го одреди и поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета во текот на подготвителниот период, и секако настапот на шампионатот во Романија.

ПОШИРОК СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ „ПОД 18“ ЗА НАСТАП НА ЕП ДИВИЗИЈА „Б“ - ЛИТВАНИЈА

Ања Начевска - Вардар
Мартина Џангаровска - Вардар
Јана Пислевска - Вардар
Теа Трајковска - Вардар
Бојана Николиќ - Вардар
Мила Начевска - Вардар
Дора Алексова - МЗТ Скопје
Ива Колева - Тим Арена - Штип
Теодора Мариновска - МЗТ Скопје
Глорија Груевска - Крива Паланка
Ангела Тасовски – Вардар
Антонија Тодоровска - Крива Паланка
Нена Китановска - Бадел 1862
Јана Чолакоска - Бадел 1862
Кјара Анастасова - Бадел 1862
Бранкица Мегленова - Пробаскет - Кавадарци
Лилјана Ѓорѓиева - Пробаскет - Кавадарци
Сара Ѓорѓиеска - Охрид
Мила Ќолчевска - Мерседе Баскет Алгеро - Италија
Сара Белковска - Струга 2009

СЕЛЕКТОР: Виктор Петровски