Кошаркарките до 18 години го завршија настапот на ЕП Б-дивизија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години го заврши настапот на Европското првенство од Б-дивизијата во Тулчеа, Романија, со пораз од селекцијата на Естонија со 76-64.

Естонките имаа подобар почеток на натпреварот и по првата четвртина стекнаа предност од 21-13. Македонските кошаркарки се обидуваа да се вратат во игра, но противничката селекција успеа да го контролира резултатот во текот на целиот меч и на крајот заслужено стигна до својот прв триумф на шампионатот.

Најефикасна во македонскиот состав беше Теа Трајковска со 13 постигнати поени, додека кај Естонија се истакна Лаура Грунман, која натпреварот го заврши со 26 поени.

Со овој натпревар младата македонска репрезентација го комплетираше својот настап на континенталниот шампионат во Б-дивизијата и заврши на 17. место од вкупно 20 селекции.