• Мартин Танасковски
Женската кошаркарска репрезентација до 18 години го заврши Европското првенство (ЕП) Б-дивизија во Софија, Бугарија, без ниту една победа. Во последниот натпревар нашите надежи потклекнаа пред Норвешка (49-78).
- Комплетниот натпревар меѓу Македонија У18 и Норвешка У18:
Скандинавската селекција беше убедлива и го остави нашиот национален тим на дното. Македонија заврши како 18-та од осумнаесет селекции, што значи дека следната година ќе игра во Ц Дивизијата.
Се освен првиот период беше во знакот на Норвежанките. По десет минути игра Македонија имаше предност од 11-9, но откако Норвешка во вториот квартал го сврте мечот и на пауза замина со пет поени предност (24-29), со блескав трет период и дури 30 постигнати поени си ја потврди посакуваната победа со која го избегна „фенерот“.
Најдобра кај Македонија беше Михаела Алексовска со 15 поени, пред Мартина Маркоска со десет постигнати поени. Кај Норвешка, Аурора Сорбје даде 15 поени, пред Камила Гјерстад со 12 поени.