Кошаркарката која беше МВП во мак-баскетот се пресели во Франција

Македонската кошаркарка Анжелика Митрашиновиќ има нов клуб и во следната сезона ќе игра во Франција.

Митрашиновиќ, која е стандардна македонска репрезентативка, родена 1993 година, потпиша со француски Тарб. Клубот ја потврди соработката и ѝ посака добредојде во една од најсилните кошаркарски лиги во Европа.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by TGB Basket (@tgbbasket)

Плејмејкерот на Македонија минатата сезона ја мина во Баскет Кам со кого ја освои „двојната круна“ и се закити со признанието МВП, а играше и за црногорски Будуќност.